Внимавајте! Силно невреме ќе ја зафати Македонија
Над територијата на нашата земја, и понатаму деновиве ќе биде присутна т.н. фронтална долина, а како последица на тоа, вечерва во централните и во источните предели од нашата земја, на повеќе места ќе биде формиран процес кој опфаќа фронтални влажни бранови кои ќе условат развој на грмотевични конвективни облаци.
Како последица на тоа, се очекуваат поројни врнежи од дожд, грмежи, силен ветер, силни електрични празнења и појава на град.
Грмежи, изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ветар се очекуваат и во текот на утрешниот – саботен ден.
