Внимавајте и вечерва! Синоќешното силно невреме придонесе во Прилеп да се искршат големи парковски дрвја
Да се следат прогнозите на синоптичарите и да не се паркираат автомобили до високи парковски дрвја.
Синоќешноти силно невреме придонесе во Прилеп да се искршат големи парковски дрвја, на паркот Могила и во населбите Ѓодере и Бончејца. Екипи на ,,Комуналец”, во текот на ноќта, веднаш реагираа на терен за да овозможат непречено движење на автомобили и пешаци.
Во текот на денов дрвјата беа собрани, а површините исчистени.
Уште еднаш апелираме до граѓаните да не се создава непотребен револт преку социјалните мрежи, кога ,,Комуналец”, врши сечење на стари и проблематични дрвја, по издадено Решение од општинската комисија, и истите се бележани за дрвја од висок ризик.
Синоќешното невреме ни е доказ дека и здрави дрвја можат да се скшат или откорнати при силно невреме. Во случајов не се причинети материјални штети.
