ВМРО-ДПМНЕ до крушевскиот градоначалник: Дали се занимававте со предизборни калкулации и паради, додека националното наследство на Крушево остануваше на забот на времето?
Сподели го ова:
ОК на ВМРО ДПМНЕ – Крушево упати повеќе прашања до крушевскиот градоначалник Томе Христоски дали се занимава со предизборни калкулации и паради, додека националното наследство на Крушево остануваше на забот на времето додоека централна власт беше СДСМ.
“Прашање до градоначалникот Томе Христоски и претходната централна власт предводена од СДСМ:
Што направивте за заштита на споменикот „Македониум“ и културните установи во Крушево?
Дали го чекавте времето да ја избрише нивната вредност?
Дали се занимававте со предизборни калкулации и паради, додека националното наследство на Крушево остануваше на забот на времето?
Граѓаните заслужуваат чесно, одговорно и посветено водство – време е Томе и СДСМ да објаснат кои конкретни чекори презедоа за да ги заштитат симболите на нашиот град, наместо празни ветувања и игнорирање на историското наследство.
Општина Крушево во изминативе години не покажа ниту визија, ниту капацитет да се грижи за локалната инфраструктура, а сега бара да управува со споменик од национално значење.
Да бидеме јасни: „Македониумот“ е изградба на сите граѓани и ќе остане под надлежност на државата. Централната власт веќе инвестира во неговата санација, а секој друг повик е обид за политичка манипулација и бегање од реалните проблеми во Крушево – иселувањето, невработеноста и слабата локална економија.
Културното наследство на Македонија е национална вредност. Споменикот „Илинден – Македониум“ и националните установи во Крушево се дел од историјата и идентитетот на целата држава. Затоа тие мора да останат под државна грижа, со јасна стратегија за конзервација и промоција на меѓународно ниво.
Општината е добредојден партнер во управувањето, но не и единствен носител на одговорност. Само заедно – државата и локалната самоуправа – можеме да обезбедиме овие симболи да се зачуваат за идните генерации” – порачаа од ОК на ВМРО ДПМНЕ -Крушево.
На покана на Иницијативниот одбор за спас на с. Оревоец од штетното влијание на експлотацијата на камен од ископот во близина на селото, денеска со голема поддршка застанаа прилепските пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, прилепскиот градоначалник и Советниците од Општина Прилеп. “Штетните политики, криминални закони како оној за Бехтел-Енка, кои сдсм и дуи ги гласаа на шверцерски…
Денеска е голем и значаен ден за Општина Прилеп, бидејќи на денешен ден – точно пред една година беше отворена новата детска градинка „Бајка“, сместена во урбаното јадро на населбата Точила – современ и функционален објект кој е дел од Јавната општинска установа „Детски градинки – Наша Иднина“. Овој капитален проект, со капацитет за над…
Водоснабдувањето на ден 24.06.2022 ќе биде нормално со здравствено исправна вода за пиење.Вкупната произведена количина на вода е 275л/с, од кои 230л/с од Студенчица, 0л/с од бунари и 45л/с од сопствени извори. Прекин во водоснабдувањето заради санација на дефекти во периодот од 08 до 14 часот ќе има на следните улици и делови од Општина…
Нека 2026 година биде доказ дека Кичево знае, умее и може да биде пример како се негува и развива културниот дух“, порача министерот за култура и туризам на денешната прес-конференција, со што започна културната мисија на Кичево како „Град на културата за 2026 година“. Според Љутков, ова е признание за културната зрелост, истрајноста и творечката…
Како што истакнуваа од СОНК – штрајкот продолжува и утре, бидејќи СОНК едногласно го отфрлил предлогот на Владата во однос на зголемување на платите на просветните работници за само 10%. “Советот на СОНК, констатира дека заклучоците на Владата не водат кон решавање на несогласувањата помеѓу СОНК, МОН и МТСП односно со Владата. Овој став се…
Манастирот од Тоше се подготвува за манастирската слава, посветена на големот христијански празник Свето Преображение кој ни претстои за неколку дена. Манастирот од Тоше се наоѓа над Крушево, а само пред неколку години го доби својот целосен манастирски сјај кога беше осветен од страна на Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. Ако одите…