Витаминка прослави 70 години! Таа е секогаш во тренд, бидејќи е наш модерен-светски бренд!
Денеска во големата фабрика на Витаминка, оваа прилепска компанија прослави 70 години од своето успешно постоење преку одличен креиран јубилеен настан, на кој уживаа и стари – и млади.
За време на настанот имаше одлични аниматори кои ја анимираа детска публика, за младите тука беше Слаткар кој ја забавуваше помладата публика, додека пак за повозрасната публика тука беа Блага Петреска, Алескандар и Дац кои со своите хитови ја маѓепсаа повозрасната публика која уживаше во прекрасната забава на Витаминка.
Има брендови што ги купуваме. Има и брендови со кои растеме. Витаминка веќе 70 години е дел од втората приказна. Седум децении, низ различни времиња, држави, генерации и навики, Витаминка остана присутна таму каде што е најважно, во домовите. Во вкусот што нè потсетува на детството, во секоја семејна средба, во малите секојдневни моменти што стануваат најдраги спомени. Затоа речиси и да нема семејство што не ја препознава Витаминка како „своја“.
Приказната за денешна Витаминка започна во 1956 година во Прилеп, скромно, со мелен црвен пипер и голема посветеност. Од тој почеток, чекор по чекор, Витаминка изгради свет на вкусови што денес брои стотици производи и брендови кои се дел од секојдневниот живот од првите детски ужинки со Стоби флипс, преку семејните трпези со Витанез мајонез и препознатливиот кечап, до слатките моменти со Атлантис, Фрути и Деспина и освежувањето со Цевитана.
И токму во тоа е силата на оваа приказна, вкусовите што не се менуваат затоа што се докажани, а се сакани затоа што будат доверба. Витаминка е нишката што ги поврзува генерациите, преку истиот препознатлив вкус.
Витаминка освен што е емоција и вкус на повеќе генерации, таа е највредниот македонски бренд, создаден од македонски знаења и труд, симбол за квалитет, сигурност и континуитет.
По 70 години Витаминка продолжува напред, со истата посветеност, со препознатливите вкусови и со јасна визија. Да остане бренд што не се мери само по бројот на производи, туку по местото што го има во животите на луѓето. Бренд што не е само дел од пазарот, туку дел од домот.
