Викендов прилепчани ги разбуди убаво-пријатно време

Сподели го ова:




Прилепчани утрово ги разбуди убав сончев саботен ден, започна викенд, меѓутоа stanica.mk како најактуелен информативен портал кој работи само за Вас 24/7-цела недела, тука е и за време на викенд да Ви ги презентира најновите случувања, информации и новости. До нашата информативна редакција утрово се јавија повеќе наши сограѓани кои не прашуваа до кога ќе се задржи ова убаво време. Имено, ваквото убаво време ќе трае цел викенд, па се до вторник кога времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои што ќе бидат со променлив интензитет, а дневните температури ќе бидат во опаѓање. Овој викенд минималната температура на ниво на цела наша ќе се движи од 2 до 11, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена. Во Прилеп времето ќе биде сончево со слаб до умерен ветер, а максималната ќе достигне до 28 степени.





Сподели го ова:

Слични објави