Вие пак работете за плата, а овие украле 7 милиони евра! Финансиската полиција утрово врши претрес во повеќе општини
Екипи од Управата за финансиска полиција утрово извршија претреси на неколку локации во општина Куманово, Липково и Желино. Ваквата акција е спроведена врз основа на подолга истрага за постоење на организирана криминална група, за која постои сомневање за злосторничко здружување, перење пари како и за други кривични дела поврзани со финансиски криминал.
Неофицијално, се работи за компании кои се занимаваат со набавка и продажба на нафтени деривати, и истите се осомничени за криминал тежок повеќе од 7 милиони евра.
Повеќе информации во текот на денот!
