ВИДЕО: Се смениjа времињата! Овие талентирани прилепчани “се качија” на месечина!
Колку е богата нашта земја, изгледа како да е на Марс, меѓутоа видеото кое што следи во прилог, не е снимено на Марс – тука во нашата земја. Излезе новата нумера насловена „Доминатико“ (DOMINATIKO) на Димитар Долгоски -Лорд (LXRD) и Менде Димески – Авеиро (AVEIRO) на јутјуб каланлот „АРТЛАНД ЛАБЕЛ“ (Artland Label).

Прекрасната нумера, поддржана од висококвалитетниот видео запис кој се снимаше пред еден месец во Пелагонија на местото викано Гнеотино – близу границата со Грција. Видео записот го изработи самата продукција, а идеата на спотот е лично нивна!
На овие талентирани прилепчани, ова им е прва заедничка песна од жанрот – трап музика.
Миксот и мастеригот на песната е дело на нашите двајца прилепчани, заедно со Иле Михајлоски – ЛИЈАСКИ.
Камера: Димитар Долгоски -Лорд (LXRD) и Mартин Милкоски
Монтажа: Димитар Долгоски -Лорд (LXRD)
Графика: Ник дизајн (NIK DESIGN) и Филип Димитриевски.
Проектот е поддржан од Haydes Clothing.
















