ВИДЕО – Проданоски: Се врши реконструкција на тротоарите и велосипедските патеки, како и реконструкција на уличното осветлување на ул. „11-ти Октомври“ во Прилеп
Во Прилеп се врши реконструкција на тротоарите и велосипедските патеки, како и реконструкција на уличното осветлување на ул. „11-ти Октомври“ во Прилеп!
“Ова е уште еден значаен проект со кој продолжуваме да вложуваме во подобрување на локалната инфраструктура и создавање поквалитетни услови за живот за сите граѓани. Во рамки на овој проект, кој се реализира преку „Проектот за поврзување на локални патишта во Република Македонија“, спроведуван од Министерството за транспорт со финансиска поддршка од Светска банка, ќе се изврши реконструкција на тротоарите, велосипедските патеки и уличното осветлување на површина од околу 2.800 м², во вкупна должина од 520 метри од двете страни на улицата. Изведувач на градежните работи на овој проект е ГД Гранит АД Скопје. Со реализацијата на овој проект создаваме побезбедни услови за движење на пешаците и велосипедистите, подобра осветленост и поквалитетен урбан простор за сите граѓани. Прилеп заслужува модерна, функционална и безбедна инфраструктура – истакна Проданоски.
