ВИДЕО – Проданоски: Прилеп е наш заеднички дом и ако самите не си го почитуваме и чуваме градот, никој друг нема да го направи тоа за нас
Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, на 16-тата седница на Советот на Општина Прилеп, истакна дека Прилеп е наш заеднички дом и ако самите не си го почитуваме и чуваме градот, никој друг нема да го направи тоа за нас.
“Инвестирањето во манифестации како „Фестивалот на пивото“ е важно за локалната економија. Наша цел е да донесеме туристи, да го раздвижиме бизнисот и луѓето да пазарат тука.
Тоа се пари кои се враќаат во градот и го развиваат стопанството, а воедно нудиме и забава за сите. Наместо да критикуваме секојдневно, ајде да се фокусираме на решенија и напредок за Прилеп” – истакна Проданоски.
