ВИДЕО: Проданоски и Лашкоска ивршија увид во градежните активности за изградба на водоснабдителниот систем во с. Лениште
Денеска, прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски заедно со заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, извршија увид во градежните активности за изградба на водоснабдителниот систем во с. Лениште. Станува збор за исклучително значаен проект со кој трајно го решаваме долгогодишниот проблем со водоснабдувањето на жителите на ова населено место.
“Со поддршка од Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање, обезбедени се над 20 милиони денари, средства кои во целост се инвестираат во реализација на овој проект.
Градежните работи се реализираат во две фази:
-Изведба на цевковод од каптажата до нов резервоар со капацитет од 100 м³, во должина од 1.930 метри;
-Изведба на главен цевковод од резервоарот до потрошувачите во должина од 2.400 метри, како и секундарна мрежа за куќни приклучоци во должина од околу 640 метри.
Иако Лениште денес е претежно иселено место, тоа претставува атрактивна викенд-населба со голем потенцијал за развој. Верувам дека со решавањето на инфраструктурните предизвици и со понатамошната урбанизација ќе создадеме услови за поголем број граѓани да го изберат ова место за живеење, особено поради неговата близина до Прилеп.
Особено ми претставува задоволство што Министерството ја препозна важноста на овој проект и што ја имаме неговата целосна поддршка во реализацијата на оваа значајна инвестиција за развојот на овој крај.
Наш основен приоритет е да создадеме подеднакво квалитетни и урбани услови за живеење, како во градот, така и во сите населени места во Општина Прилеп.
Секојдневно ја следиме динамиката на изведба, со цел максимално да ја искористиме градежната сезона и сите овие проекти што поскоро да бидат ставени во функција на граѓаните.
Продолжуваме посветено да работиме, во соработка со централната власт, за подобар Прилеп!” – истакна Проданоски.
