ВИДЕО: Прилепчанецот Илија Ристески револтиран од катастрофалните услови во студентскиот дом Стив Наумов во Скопје, упати низа прашања до СДСМ

Сподели го ова:






























Прилепчанецот Илија Ристески, револтиран од катастрофалните услови кои постојат во студентскиот дом Стив Наумов во Скопје, денеска одржа прес конференција на која упати низа прашања кои се однесуваат до СДСМ. Неговата прес конференција Ви ја прикажуваме целосно во прилог на оваа објава:

“Пред два дена на инстаграм профилот на студентскиот дом Стив Наумов, се појавија објави за условите во студентскиот дом. Имено администраторот на инстаграм профилот, објави дека на социјалните медиуми се шират лаги и невистини, дека условите според него не биле хорор, туку цитирам: „Уште еднаш, многу добронамерна порака до сите кој шират лаги, не ги плашете студентите особено бруцошите дека во Стив Наумов е хорор и не знаеме што. Пак ќе кажеме не е сјајно и идеално, но условите се сосема во ред“, поради оваа неславна објава од тука сакам да поставам неколку прашања до администраторот на страната: Дали поплави во собите според него е состојба која е сосема во ред? Дали руинираните ходници, ниските температури и непријатната миризба според него е состојба која е сосема во ред? Дали администраторот на инстаграм профилот на студентскиот дом Стив Наумов е братот на екс-потпретседателката на СДММ Ана Манасиева? И за крај дали состојбата која според него е сосема во ред ја заклучи седејќи во комфорните услови на Бихаќка?” – запраша Ристески.




Сподели го ова:

Слични објави