ВИДЕО – “Мириса на лето”: Прилепчанката Јана Мрческа со уште еден нов летен хит!
Прилепчанката Јана Мрческа неуморно и успешно чекори по својот музички пат. Имено, деновиве ова талемтирана млада дама ја промовираше песната „Мириса на лето“, која доби и свој официјален видео запис. Музиката, аранжманот, миксот и мастерингот на оваа песна се дело на Андријана Јаневска, додека како автори на текстот се Андријана Јаневска и Јана Мрческа.
Колку за потсетува, музичката приказна на прилепчанката Јана Мрческа започна уште пред две години кога во 2024 година дебитираше на „Макфест“ со песната „Убава и Храбар“.
Во прилог слушнете го најновиот хит „Мириса на лето“ кој веќе неколку денови е достапен на YouTube каналот на Јана Мрческа.
