ВИДЕО – Министерот Љутков: Денес го славиме Македонскиот јазик, да го чуваме и развиваме, затоа што во него живее нашето исконско постоење и препознатливост пред светот
Низ историјата, македонскиот јазик не само што опстанал, туку и цутел. Се зборува, пишува и пее не за да докажеме дека постоиме, туку затоа што сме наследници на ова богатство. Точно денеска, кога се слави нашиот Македонски јазик, министерот Зоран Љутков упати моќна, впечатлива порака во која се вели:
“Денес го славиме Македонскиот јазик, да го чуваме и развиваме, затоа што во него живее нашето исконско постоење и препознатливост пред светот.
Нека ни е честит и вековит Денот на Македонскиот јазик!” – порача министерот Зоки Љутков.
