ВИДЕО: ЈП Комуналец се извинува на жителите за непријатниот настан, а доколку понатаму се утврди одговорност кај вработените за овај настан истите ќе бидат соодветно санкционирани
Денес на ул. 12 кладенци во текот на утринските часови при подигање на сметот од вработените на ЈП Комуналец по ненамерна грешка, дел од сметот, беше паднат на улицата. Истото беше за кратко време санирано, улицата беше целосно исчистена и измиена од нашите екипи.
ЈП Комуналец се извинува на жителите за непријатниот настан а доколку понатаму се утврди одговорност кај вработените за овај настан истите ќе бидат соодветно санкционирани – информираат од битолски Комуналец.
