Видео: Битолскиот градоначалник ќе ги намалува членовите на Управните Одбори во битолските Jавни Претпријатија
Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, одлучи да ги намали членовите на Управните Одбори во битолските јавни претпријатија, се со цел како што истакна самиот градоначалник, ова се прави за поефикасно работење, намалување на непродуктивни трошоци и подобро функционирање на јавните претпријатија.
Исто така на денешната средба, стана збор и за нови инвестициски планови на ЈП во Битола за набавка на нова механзиација.
