|

Вице-шампион Дејан Георгиевски пристигна на Скопскиот Аеродром

Сподели го ова:


Дејан Георгиевски – олимпискиот вицешампион  пристигна од олимпијадата во Токио на Аеродром во Скопје каде што беше пречекан од огромен број фанови кои пристигнаа да го поздрават освојувачот на сребрен медал на ЛОИ во Токио и покрај денешното жешко време. Веднаш штом пристигна еве што изјави Дејан: „Сакам да се заблагодарам на сите кои дојдоа да ми дадат поддршка. Мило ми е што сме во толку голем број. Ве поканувам сите да го прославиме овој успех, затоа што овој успех е за цел народ во Македонија. Емоциите почнаа да работат кога пристигнав тука и ги забележав сите кои дојдоа да ми дадат поддршка“.





Сподели го ова:

Слични објави