Венко Филипче си поднесе оставка

Сподели го ова:




Венко Филипче си поднесе вечерва оставка која што ја соопшти на вонредна прес конференција. Станува збор за пишана оставка до премиерот Заев поради трагедијатата каде што 14 пациенти ги изгубија своите животи во пожарот кој ја зафати модуларната Ковид болница во Тетово. Еве во однос на оставката што изјави Филипче: „Секогаш стоев одговорно и транспарентно. Никогаш небегав од критика, никогаш не останав должен за одговор, никогаш не се откажав од битката да ја победиме пандемијата. Сите одлуки кои ги донесовме беа со една единствен цел а тоа е да се заштити здравјето на граѓаните.  Последната трагедија во Тетово многу ме погоди. Многу жалам за загинатите, сочувствувам со нивните семејства, нема зборови што тоа можат да го опишат ниту пак начин да се надомести загубата. Почитувани, како лекар и министер имам интегритет, затоа денеска од морални причини понудив пишана оставка до премиерот Заев. Сакам да им се заблагодарам на сите кои веруваа и ме поддржуваа во работата, одговорните задачи и предизвиците со кои што се соочував. Сакам на крај посебно да се заблагодарам и на медиумите за нивната транспареност , посветеност и поддршката што ја добивав во најтешките моменти во борба со пандемијата“ потенцираше Филипче. Дел од јавноста задоволна од ваквата оставка и според нив ваквата оставка беше потребна и неопходна, додека пак дел од граѓаните сметаат дека ваквата оставка е непотребна зашто Филипче бил најдобриот министер за здравство до сега. Што мислите Вие??





Сподели го ова:

Слични објави