Велковски за пензионерите: Вие сте ја граделе оваа држава и не смеете да бидете оставени на цедило, заслужувате достоинствени пензии

Сподели го ова:






























Министерот Ѓоко Велковски во рамките на теренските посети на Центрите за социјални работи кои периодов ги посетува, ги посети Центрите во Валандово и Гевгелија, а еве што точно од таму му прача на пензионерите: 

Ги знаеме нивните барања и сигурен сум дека ќе има решение за истите. Дури 220.000 пензионери се со под 20.000 денари пензија. Така да тоа е две третини од вкупниот број на пензионери во државата кои што за жал примаат под 20 илјади пензија. Алармантна е навистина состојбата и ќе излеземе во пресрет на нивните барања коишто ги доставуваат до нас..

Пензиите коишто ги земате не се доволни. Тоа го знам, тоа верувам дека е така и тоа секој еден пензионер којшто ќе го сретнам ми го кажува дека пензиите не стигнуваат ни за 15 дена од месецот. Вие сте ја граделе оваа држава и не смеете да бидете оставени на цедило. Заслужувате да имате достоинствена старост, да имате достоинствени пензии за вас и за внучињата. Во наредниот период мораме да работиме на системска правичност која нема да зависи од било какви политички одлуки” – истакна Велкоски.




Сподели го ова:

Слични објави