Вечна му слава! На денешен ден е убиен македонскиот револуционер Гоце Делчев
На денешен ден (04.05) е убиен македонски револуционер Гоце Делчев.
Делчев e големиот македонски револуционер кој е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш. Гоце Делчев се школувал во гимназијата во Солун, а веднаш потоа и на Воената академија во Софија. Работел како учител во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО дејствувал на креирање на мрежа на бази, комитети и комитски чети на самата организацијата. Делчев во 1896 година бил учесник и на Солунскиот конгрес на ВМРО, а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија.

Делчев е убиен во селото Баница на 04 мај 1903 година. Веднаш после неговото убиство во 1903 година, неговите посмртни останки се чувале во Баница се до 1917 година, кога се пренесуваат во Ксанти, а потоа во Софија. Во домот на Михаил Чаков коските на Делчев се до 1923 година.
Во нашата земја посмртните останки пристигнуваат на 11 Октомври 1946 година во црквата св.Спас во Скопје, каде стојат и до ден денес.

















