Вечерва во Крушево! Со говорот на министерот Љутков и пукањето на црешовото топче ќе започнат Илинденските празнувања

Сподели го ова:






























Со говорот на министерот Љутков и пукањето на црешовото топче, денеска ќе започнат Илинденските празнувања во легендарното Крушево. Во прилог, погледнете ја програмата за денешниот ден -1 Август (петок):

10:00 – Посета на спомен-куќата на Смилевскиот Конгрес и полагање цвеќе пред споменикот на Дамјан Груев

18:30 – 18:45 – Доаѓање на коњаницата пред Столбот на Крушевската Република, формирање на поворка, делегацијата за полагање цвеќе следена од коњаницата се движи кон Гумење.

19:00 – 19:45 Полагање цвеќе пред бистата на Веле Марков,на гробот на Питу Гули,на гробот на Тоше Проески,пред споменикот на партизанските гробишта,Криптата на илинденските востаници

20:30– 21:30 – Церемонијално отворање на Манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“ 2025

• Интонирање на химната на Република Македонија, во изведба на Биљана Јосифов

• Читање на Крушевскиот Манифест во изведба на Борче Николовски

• Обраќање на министерот за култура и туризам г-дин Зоран Љутков

21:30-21:45 – Пукање со црешово топче

21:45-22:30 – Концерт на Ансамбл „Танец“

22:30-23:55 -„За Илинденците“ – концерт на Ефто Пупиноски и група Црешово топче

00:00 – Импровизиран напад на градот , плато на Гумење




Сподели го ова:

Слични објави