|

Вчера во Скопје беше реализирана културно-уметничка програма по повод 30 години Независност на нашата земја

Сподели го ова:




Вчера во Скопје по повод 30 години Независност на нашата земја имаше музичката програма со изведба на  музички сплет од познати нумери специјално аранжиран за оваа пригода, отпеан на јазиците на седум етнички заедници кои живеат во нашата земја, во изведба на Вера Милошевска – Јосифовска, Јехона Шакири, Елеонора Мустафовска и Минела Богдановиќ, во продукција на Димитар Димовски. Во рамките на културно-уметничката програма потоа следува аудиовизуелниот перформанс реализиран врз зградата на Парламентот, со наслов „Минато, сегашност, иднина“ на Емил Петров, Петар Џон и Глигор Постоловски. Во завршниот дел на музичката програма имаше изведба на антологиски забавни песни што ги исполнија Мики Јовановски Џафер, Никола Перевски Пере, Тамара Тодевска, Дешира Ахмети, Џон Илија Апелгрен, Ристо Вртев, Светлана Јовановска, во придружба на Филхармонијата на нашата земја како и инструменталната изведбата на албанската народна песна „Бареша“. Крајот на манифестацијата беше завршен со свечен огномет.





Сподели го ова:

Слични објави