Вчера во родното место на Блаже Конески се одржа настан по повод 100-годишнината од неговото раѓање

Сподели го ова:




Во организација на Фондацијата за македонски јазик „Небрегово“, вчера во
родното место на Блаже Конески се одржа настан по повод 100-годишнината од
неговото раѓање. „Голема е честа во текот на 2021 година да се слават два јубилеја: 100 години од
раѓањето на големиот Блаже Конески и 20 години од постоењето на Фондацијата
за македонски јазик ‘Небрегово’. Ваков убав спој ретко се случува. Фондацијата
заедно со надлежните државни органи, со сите други културни и научни
институции, направи бројни манифестации во многу градови. Таквите активности, Фондацијата ги продолжува и натаму, во текот на целата година“, потенцираше
Атанас Конески, секретар на Фондацијата „Небрегово“. На вчерашниот настан присуствуваа прилепскиот градоначалник, Архиепископот Охридски и
Македонски г.г.Стефан, националниот координатор во Владата и повеќе заслужни институции и поединци, при што Фондацијата на сите нив им додели признанија и плакети со ликот на Блаже Конески.





Сподели го ова:

Слични објави