Вчера во прилепско Ново Лагово со песни и ора беше одбележан денот од осветувањето на црквата „Света Петка“
Во текот на вчерашниот ден прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски беше заедно со жителите на Ново Лагово, како и со бројните гости и пријатели, со кои заедно го одбележаа денот на осветувањето на црквата „Света Петка“.
Убаво е да се види како традицијата живее низ генерациите. Празниците се токму за тоа, да нè зближат, да донесат мир во домовите и заедно да ни дадат сила да чекориме напред кон поубава иднина. Нека Света Петка биде наш заштитник и нека донесе здравје, среќа, бериќет и благосостојба во секое семејство и за сите жители на Ново Лагово. За многу години денот! – истакна Проданоски.
