Вчера во Прилеп по 7-ми пат, популарните “Весели Ѕвончиња” направија спектакл за паметење!

Сподели го ова:





























Вчера, цел Прилеп уживаше во најновото премиерно 7-мо фестивалско издание на Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, фестивалот кој што од страна на публиката е прогласен за МОДЕРЕН ДЕТСКИ – СВЕТСКИ БРЕНД!  Прекрасна глетка вчера вечерта можеше да се забележи на ЕДИНСТВЕНИОТ ПРИЛЕПСКИ ФЕСТИВАЛ, на кој што вечерта на финалната фестивалска претстава имаше околу 180 учесници на самата сцена.

Искрено, во Прилеп постојат и други фестивали и мали хорчиња, меѓутоа ваков рекорд до сега има направено само Гоце Балада и прилепскиот фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, односно единствениот фестивал во нашата земја кој што од страна на публиката е прогласен за МОДЕРЕН, ДЕТСКИ – СВЕТСКИ БРЕНД!!!

Ова претставува голем рекорд и гордост за градот Прилеп! На фестивалот настапија учесници од 4 до 14 години. Прилепската публика со задоволство, ПРЕМИЕРНО ги слушна најновите детски хитови од најновото 7-мо фестивалско издание, а како секоја година – така и оваа, беше разиграно, распеано и веселоооо!

Доколку имате од 4 до 15 години и сакате и Вие да бидете дел од детскиот или пак дел од тинејџерскиот музички блок од следното најново спектакуларно фестивалско издание кое ќе се одржи во месец мај 2026 година, Вашите родители ќе можат да Ве пријават на Facebоok профилот на Гоце Илиески-Балада, на Facebоok профилот на Весели Ѕвончиња, или пак на 077/867-169.




Сподели го ова:

Слични објави