Вчера во Прилеп над 1000 посетители уживаа во најновото спектакуларно издание на Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња” by JANA”-Прилеп 2021 година

Сподели го ова:




Внеси наслов

Вчера во Прилеп над 1000 посетители уживаа во најновото спектакуларно издание на Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња” by JANA”-Прилеп 2021 година, кој се одржа на главната камена бина во центарот на Прилеп.  На фестивалската сцена во детскиот и тинејџерскиот музички блок настапија деца од повеќе градови од нашата земја, а ова најново фетсивалско издание понуди вкупно 17 нови детски музички хитови. Директорот на фестивалот Драган Јанкоски и Уметничкиот директор на Фестивалот Гоце Илиески Балада истакнаа дека се презадоволни од интересот за настап на овој најактуелен детски музички фестивал, при што оваа година биле пријавени вкупно 54 деца за настап на фестивалот од Скопје, Прилеп, Крушево и Радовиш, меѓутоа бидејќи од страна на Директорите на фестивалот бројот беше ограничен,  оваа година среќата да пеат ја имаа само 17 деца кои од оваа година стануваат нови детски музички звезди.  Доколку сакате и Вие да бидете дел од детскиот или пак дел од тинејџерскиот музички блок од следното најново спектакуларно фестивалско издание кое ќе се одржи кон крајот на мај 2022 година, родителите своите деца ќе можат да ги пријават на Facebоok профилот на Гоце Илиески-Балада, на Facebоok профилот на Весели Ѕвончиња, или пак на 078/66-77-97.  Бидете детски музички ѕвезди, бидете АС, бидете главни во Вашето Школо -во Вашиот Клас, и пријавете се за учество за следното фестивалско издание на Весели Ѕвончиња by JANA,и стекнете се со Диплома за МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД.





Сподели го ова:

Слични објави