Вчера во Крушево во рамки на Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ свој настап имаше бендот Skopje Jazzinc

Сподели го ова:




Вчера во Крушево во рамки на Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ настапи бендот Skopje Jazzinc на летната сцена, позади музејот на Народнослободителната борба. Бендот Skopje JazzInc е на сцената од 2018 година и го сочинуваат Трајче Велков на труба, Горан Гешоски – бас гитара, Зоран Костадиновски на гитара и Виктор Филиповски на тапани. Целовечерниот настап опфаќаше џез музика, односно авторски песни на бендот.Концертот започна во 20 часот. Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ беше отворена со  бендот Љубојна, додека пак утре на 7-ми август ќе настапи  Рок Симфонија при Камерен оркестар Битола и познатиот македонски ди џеј Галоски. На  9-ти Август Крушево ќе ужива во песните од последните две фестивалски изданија од моментално најатрактивниот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња”, каде на сцената во Крушево ќе настапат деца од цела наша земја.





Сподели го ова:

Слични објави