Вчера вкупно се вакцинирале 14.712 граѓани

Сподели го ова:


Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. Вкупно се аплицирани 1.177.911 дози вакцини, а ревакцинирани се 503.401 граѓани.Вчера вкупно се вакцинирале 14.712 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 13.108 граѓани, а 70% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, додека пак 68% од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина. Врз основа на податоците, 64% од населението над 60 години имаат примено барем една доза вакцина, а 55% од населението над 50 години имаат примено барем една доза вакцина.





Сподели го ова:

Слични објави