|

Вчера вечерта во Прилеп КУД “Бисер”од Кичево одржа одличен концерт

Сподели го ова:




Македонската традиција и фолклорот беа пренесени пред прилепчани на вчерашниот концерт на КУД “Бисер”од Кичево. Прилепската публика имаше можност да ужива во традиционалните песни и ора кое ова културно уметничко друштво ги изведе вчера вечерта пред НУЦК “Марко Цепенков”. Играорците на ова друштво се претставија со повеќе сплетови, игри и ора како што се: „ЃУРЃОВДЕН“, „ЛАЗАРЕНКА“, „ПОСЕЉЕ“, „КОПАЧИЈА“ и “ИСТЕРУВАЊЕ НА ЧУМАТА“. Покрај играорците, пред прилепчани се претстави и оркестарот на Друштвото, додека пак вокалната изведба беше изведена од страна на солистот Ѓоко Секулоски и пејачкото трио Миноски, Делески и Секулоски.





Сподели го ова:

Слични објави