Вчера вечерта, Битолскиот народен театар со претставатa “Црно семе” ја воодушеви прилепската публика

Сподели го ова:





























Вчера вечерта, Битолскиот народен театар во Прилеп приреди театарска ноќ за паметење со претставата „Црно семе“ од Ташко Георгиевски, а во режија на Андреј Цветановски. Претставата е дел од официјалната програма на 59-тиот МТФ “Војдан Чернодрински” – Прилеп.

Битолскиот народен театар со оваа претставатa ја воодушеви прилепската публика, која ги награди актерите со громогласен апалуз. Претставата целосно ја долови и претстави трауматичната приказна на Македонците затворени на еден пуст остров во Егејското Море, овој пат низ драматизацијата на Јелена Цветановска и режијата на Андреј Цветановски, е прикажана на мошне сликовит и сценичен начин, особено со ефективната актерска игра на целиот ансамбл вклучен во претставата. Актерите покажуваат на кој начин може да се покаже трагичната судбина без нагласена патетика, намерно прикажувајќи ја и интимната и суптилна страна на поединечните човечки судбини.

Човекот, неговото интимно страдање во однос на политичкиот контекст овде ја прикажува храбрата слика на сплотувањето во колективното и резултатот на личната борба наспроти општествената. Може да се заклучи дека претставата нуди една емотивно внимателна вивисекција на страдањето создавајќи моќна театарска слика.




Сподели го ова:

Слични објави