|

Вчера вечерта беше отворено Јубилејното 55 -то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“

Сподели го ова:




Јубилејното 55 -то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ започна вчера во 19 часот во ЦК „Марко Цепенков“,со доделување на наградите за животно дело на годинашните добитници актерите Емил Рубен и Борис Чоревски и сценографот Крсте С. Џидров. На фестивалот ќе се изведат 13 претстави, а ќе има и придружна програма. Прв настапи МНТ со претставата „Мој термин“ во режија на Синиша Ефтимов, а деновиве следуваат и следниве претстави:

2 окт. (сабота)

  • 18:00 – ВЕЧЕРА ЗА ГЛУПАЦИ од Францис ВЕБЕР, режија: Ирена СТЕРИЈОВСКА, во изведба на НУ Театар „Комедија“ – Скопје
  • 21:00 – ГЛЕМБАЕВИ од Мирослав КРЛЕЖА, режија: Бранко БРЕЗОВЕЦ, во изведба на Театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп

3 окт. (недела)

  • 18:00 – ВООБРАЗЕН БОЛЕН од Жан Батист МОЛИЕР, режија: Драгана ГУНИН, во изведба на НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Театар Куманово
  • 21:00 – МОЈОТ МАЖ од Румена БУЖАРОВСКА, режија: Нела ВИТОШЕВИЌ, во изведба на НУ Драмски театар – Скопје

4 окт. (понеделник)

  • 18:00 – МУРЛИН МУРЛО од Николај КОЉАДА, режија: Кристина ДИМИТРОВА, во изведба на НУ Албански театар – Скопје
  • 21:00 – ХЕРОИ 04:33 од Сашо ДИМОСКИ, режија: Дејан ДАМЈАНОВСКИ, во изведба на НУЦК „Ј.Х.К. Џинот“ – Театар Велес

5 окт. (вторник)

  • 18:00 – СТРАСТ И АЛЧНОСТ од Јуџин О’НИЛ, режија: Фитим СЕЛИМИ, во изведба на НУ Тетовски театар – Тетово
  • 21:00 – ЕДИП КОМЕНТАРИ по мотиви од СОФОКЛЕ, режија: Драгана МИЛОШЕВСКА ПОПОВА, во изведба на НУЦК „Ацо Шопов“ – Театар Штип

6 окт. (среда)

  • 18:00 – СЛАВНАТА ФЛОРЕНС од повеќе автори, режија: Драгана МИЛОШЕВСКА ПОПОВА, во изведба на НУ Турски театар – Скопје
  • 21:00 – КРИК ЗА ЉУБОВ од Жозиен БАЛАСКО, режија: Љупчо ЃОРЃИЕВСКИ, во изведба на НУЦК „Григор Прличев“ – Народен театар – Охрид

7 окт. (четврток)

  • 18:00 – ЕДВАРД РАЦЕ НОЖИЦИ од Тим БАРТОН и Каролајн ТОМПСОН, режија: Нела ВИТОШЕВИЌ, во изведба на НУ Театар за деца и младинци – Скопје
  • 21:00 – И КОЊИТЕ ГИ УБИВААТ, ЗАР НЕ? според романот на Хорас МЕКОЈ, режија: Мартин КОЧОВСКИ, во изведба на НУ Народен театар – Битола





Сподели го ова:

Слични објави