Вчера се вакцинирале дури 18.877 граѓани

Сподели го ова:




Во текот на вчерашниот ден е забележан значително зголемен интерес за вакцинација помеѓу граѓаните. Вчера вкупно се вакцинирале 18.877 граѓани, при што прва доза вакцина вчера примиле 12.049 граѓани. Вкупно се аплицирани 1.079.049 дози вакцини, а ревакцинирани се 479.333 граѓани. Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. Според податоците, 68% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 65% од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина, 61% од населението над 60 години имаат примено барем една доза вакцина, додека пак 51% од населението над 50 години имаат примено барем една доза вакцина.





Сподели го ова:

Слични објави