Вчера, прекрасна глетка во центарот на Крушево! Градоначалникот ги испрати полуматурантите од Крушево во нивното ново животно поглавје
Вчера крушевскиот градоначалник Нико Чонески, од центарот на Крушево имаше средба со крушевските полуматуранти полуматуранти на кои им посака многу успех во нивното ново животно поглавје.
Со насмевки и многу убави моменти, заедно го одбележавме крајот на едно важно училишно патување. На сите полуматуранти им посакувам многу успех, нови достигнувања и храброст да ги следат своите соништа. Верувајте во себе, учете, напредувајте и бидете гордост на вашите семејства, наставници и на нашиот град. Среќно во средношколските денови! – им порача Чонески.
