Вчера Општина Прилеп го одбележа Илинден

Сподели го ова:




Со особена почит вчера во Прилеп се одбележаа двата Илиндена, 118 години од Илинденското востание и 77 години од Првото заседание на АСНОМ. Делегација од Општина Прилеп, Советот на Општина Прилеп, Сојузот на борци, политички партии и група граѓани оддадоа почит на сите заслужни дејци и револуционери кои го дадоа животот за слободата .Со положување на свежи цвеќиња пред спомениците на: ‘Методија Андонов – Ченто’, ‘Кузман Јосифоски – Питу’, ‘Ѓорче Петров’, ‘Пере Тошев’ и на Могилата на непобедените, прилепчани уште еднаш им се поклонија на хероите. Делегација од Прилеп присуствуваше и на чествувањата во Крушево.





Сподели го ова:

Слични објави