|

Вчера гореше клубот “CALYPSO” во Прилеп

Сподели го ова:


Вчера гореше клубот “CALYPSO” во Прилеп од квалитетна музичка забава, а виновник за сето ова е Јоце Панов, кој што направи спектакуларна забава, онака како што само самиот тој знае и умее.  Јоце, несебично се даде на музичката сцена во Calypso, при што цела публика во еден глас пееше заедно со него. Настанот во клубот беше организиран според сите пропишани протоколи од Министерството за здравство.

Инаку, Јоце важи за еден од најактуелните пејачи од Македонската музичка естрада  кој освен во нашата земја е популарен и во Србија и во Хрватска. Инаку Јоце беше гостин во Безвременскиот музички концепт-насловен како “Време е за балада”-со Гоце Балада. При неговото гостување кај Гоце Балада, Јоце Панов ексклузивно само за неговата емисија ексклузивно открива голем број на работи во поврзани со неговата кариера.

Инаку прилепчанецот Гоце Илиески Балада важи за естраден уметник, текстописец и композитор кој што пишува песни за голем дел од пејачите на македонската музичка естрада. Овој прилепчанец освен тоа што моментално работи на голем број интелектуални проекти, исто така е менаџер на повеќе музички проекти, а воедно е и Уметнички Директор на музички фестивал.

Инаку во тек е официјална музичка соработка помеѓу Гоце Балада и Јоце Панов, а за каква соработка станува збор, благовремено ќе бидете известени.

Можно е да е слика од 2 луѓе, вклучително Joce Panov JP, брада и луѓе што стојат




Сподели го ова:

Слични објави