Вчера беше одржана Свечената седница на Советот на Општина Прилеп, на која беа доделени наградите ,, 3-ти Ноември”

Сподели го ова:





























Вчера беше одржана Свечената седница на Советот на Општина Прилеп, на која беа доделени наградите ,, 3-ти Ноември”! На свечената седница беше оддадена почит на хероите, за нивната жртва, за тоа што ги дадоа своите животи за слободна и самостојна Македонија и за ослободувањето на нашиот град од фашистичкиот окупатор.

80 години подоцна, стоиме тука со една прекрасно воспоставена традиција на овој голем ден за Прилеп и прилепчани со тоа што оддаваме признание на граѓаните чии индивидуални и колективни достигнувања придонесле за подобрување на животот во нашиот град.

Заслугата за овој епитет на нашиот град е заслуга на сите кои што придонесле за тоа, преку 8000 прилепчани кои биле учесници во Народноослободителната борба и од кои имаме 650 жртви и 15 Народни херои.

3 Ноември, секогаш ќе биде потсетување за нивното дело и чествување за нивната визија за слобода, правда и демократија.

Исто така овој ден треба да биде потсетување и за младите генерации, да не забораваат каде се родиле, каде живеат и да се трудат секој во својата област на делување, да придонесат за што подобра иднина на Прилеп.

Kако градоначалник на Прилеп сакам да упатам еден апел дека е потребно да бидиме сплотени и да се избориме заедно за поголем локален економски развој, подобра инфраструктура, квалитетно образование и напредок во сите други области. Во таа насока Локалната самоуправа изминатиов период работеше на тоа и ќе продолжиме максимално посветени, и во наредниот период имаме планирано и ќе започнеме со изградбата на капиталните проекти за општина Прилеп, уште нови кружни текови во нашиот град, потоа уште една нова катна гаража, нови водоводни и канализациони мрежи, нови спортски и рекреативни игралишта, субвенции насочени кон граѓаните и многу други и тековни и нови значајни проекти на кои што сме посветени, се со цел овозможување на подобри услови за живот на сите наши сограѓани. Целта е една и единствена – Да го направиме Прилеп достојно место за живеење, за нас и за нашите деца, блиску до нас, во нашиот град и во нашиот дом! Упатувам искрени честитки до годинешните добитници на наградата 3-ти Ноември! Почитувани прилепчани, бидете горди со вашите достигнувања и успеси и продолжете да не правите и нас горди што сме ваши сограѓани. Посакувам заеднички да се радуваме на сите идни успеси  на Прилеп и на нашата татковина Република Македонија.Нека ни е честит и вековит 3-ти Ноември – истакна прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави