Вчера беше одбележана 79 годишнината од смртта на патроните на основните училишта „Добре Јованоски“ и „Рампо Левката“

Сподели го ова:




Двете основните училишта „Добре Јованоски“ и „Рампо Левката“, одбележаа  79 години од загинувањето на своите патрони. По тој повод  делегација од Општина Прилеп предводена од градоначалникот и општинскиот Совет, како и делегации од основното училиште, вчера положија свежо цвеќе пред бистата на Рампо Левката во Алеата на народни херои  и на Могилата на непобедените. Во чест на патрониот празник во дворот на основното училиште „Рампо Левката“ од страна на учениците и вработените беше организирана и пригодна програма за прослава на  патрониот празник на оваа образовна институција.





Сподели го ова:

Слични објави