ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА ТИЕ КОИ ИЗЛЕГУВААТ ОД ОХРИД!!!

Сподели го ова:


Продолжениот викенд донесе преголем број на туристи во Охрид, меѓутоа како што привршува истиот, поголем број на туристите си заминуваат кон дома, бидејќи од утре мора да продолжат со своите работни обврски. Врз основа на ова, веќе километарски редици се создаваат од патниот правец Градиште-Охрид, при што сообрајќајот на претходно наведениот патен правец се одвива отежнато. Тимот на “stanica.mk” врз основа на информациите со кои располага од нашите новинари кои се веќе на терен во Охрид, Ви препорачува внимателно возење и држење на растојание помеѓу редицата на возила од Градиште до Охрид. Според наши извори, се очекува оваа гужва на колони возила да се намали нешто после 21 часот, што значи дека доколку не се брзате, и доколку сакате да ја избегнете оваа гужва на возила и да не ризикувате по пат, да тргнете од Охрид нешто после 21 часот вечерва.





Сподели го ова:

Слични објави