ВАКА 6 ГОДИНИ СЕ ПРАВЕЛ ШВЕРЦ НА ГРАНИЦА? Дали намерно 6 години ги оставиле нефункционални термалните камери на граничните премини за да помогнат на шверцот? – прашува Тошковски
„Ај што кубурат со човечки ресурси полициските станици на граничните премини, таму термалните камери не им работат и ова е сериозна работа којашто треба да не загрижи сите. Термалните камери ги имале на неколку пункта, а опсегот е значително голем и може да констатираат движење на како што ми беше кажано од еден од началниците таму, глушец да помине ќе го детектира или пак можеме по физикус и локалните жители да ги препознаеме, посочи началникот. Јас се прашувам дали намерно го правеле ова цело време за да помогнат на шверцот, не за да одмогнат“, истакнува министерот Тошковски во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Телевизија Алфа.
