УЖИВАЊЕ: Ноемвриско капење на плажата Славија во Охрид
Веќе е Ноември, и наместо ладното студено време да биде главната слика за овој претпоследен месец во годината, сепак убавиот, топол, пријатен временски период ги отслика овие два – први денoви од месец Ноември. Иако календарски веќе сме есен, и самите сме сведоци дека тоа веќе не е така. Пријатното сончево време потсеќа како да е лето, посебно на пладне – кога температурата достигнува и до 26-от степен.
Топлите временски температури, во текот на вчерашниот ден “ги примамија” љубителите на пливањето да влезат во водите во Охридското езеро, и да уживаат во привидно-топлата пријатна вода. За тоа говорат и сликите во прилог, кои ги направи нашиот информативен тим на плажата “Славија” во Охрид.
Се замолува Ноември да не се однесува како да е Јуни 🙂
