УЖИВАНЦИЈА! “Април 2023” – месецот кој ни овозможува неколку продолжени викенди
Месецот Април оваа година на сите граѓани во нашата земја, ќе им овозможи неколку продолжени викенди, како резултат на Велигденските празници и празнувања, празникот Бајрам, а исто така последниот викенд од овој месец ќе биде продолжен, бидејќи веќе во понеделник е неработен ден – 1 Мај денот на трудот!
Имено, Велигден оваа година е на 16 април, а како и секоја година неработни ќе бидат 4 дена околу овој празник, во кои е вклучен и еден викенд. Нема да се работи 14 април кога е Велики Петок, а по викендот неработен ќе биде и вториот ден на Велигден, односно 17 април – понеделник.
Следниот продолжен викенд е 21 април – петок, кога се празнува Рамазан Бајрам.
И како што напоменавме претходно во оваа наша објава, последниот викенд од овој месец ќе биде продолжен бидејќи веќе во понеделник е неработен ден – 1 Мај денот на трудот!