Уживајте во денот! Сончево време со температури до 32 степени
Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Максималната температура ќе се движи од 28 до 32 степени. Во понеделник времето ќе биде сончево, проследено со мала локална облачност.
Веќе во вторник и среда на повеќе места ќе има врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни, проследени со повремено засилен ветер. Од четврток не очекува повторна стабилизација на времето, при што ќе имаме сончево време проследено со кратки облачни периоди.
