Ужас! Утрово, 27 годишен син ја уби својата мајка во семејниот дом
„На 30.03.2026 година, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода И.Р. (27) од Росоман. Во СВР Велес тој сам се пријавил дека утрово околу 7:30 часот во семејниот дом со употреба на остар предмет и нанел убодни рани на неговата 54-годишна мајка, која починала од здобиените повреди“ – информираат од МВР.
