Утрово се преврте полициско возило
Утрово во 03,37 часот на крстосницата од ул.„Франклин Рузвелт“ со ул.„Орце Николов“ во Скопје, се случила сообраќајна незгода која што настанала помеѓу патничко моторно возило „шкода јети“ сопственост на МВР управувано од К.Н. и патничкото моторно возило „мицибуши спејстар“ управувано од В.А.(41) од Скопје. Во незгодата како што соопштуваат од МВР со повреди се здобиле полициски службеник на полициското возилото како и двајца сопатници-полициски службеници-од истото возило. На повредените им била укажана лекарска помош. Извршен бил увид на лице место на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.