Утринава е убиен 40 годишен полицаец

Сподели го ова:




Утрово, убиен е 40 годишен полицаец во Велес. За убиството итната медицинска помош примила повик за интервенција на велешката улица “Максим Горки”, при што по прегледот лекарите веднаш констатирале смрт кај полицискиот службеник, кај кого била пронајдена убодна рана во пределот на градниот кош, рана која била најверојатно предизвикана од страна на нож. Според сеуште непотврдени неофицијални информации станува збор за љубовна драма, а исто така било приведено и едно женско лице кое било осомничено за убиството на овој полицаец. Меѓутоа официјални информации и повеќе детали, од МВР најавуваат во текот на денешниот ден.





Сподели го ова:

Слични објави