| |

Утре во Крушево ќе се одржи манифестацијата: “Eдна роза, безброј полни срца”-за ТОШЕ

Сподели го ова:





На Facebook страната на СОУ “Наум Наумовски Борче”-Крушево е објавен постер за манифестацијата која ќе биде организирана во чест на четиринаесет годишнината од смртта на нашиот Тоше – “Една роза, безброј полни срца” која ќе се одржи утре-сабота, 16 октомври 2021 година во 12 часот. “Да излеземе сите и традиционално како и секоја година, со рози во рацете, да ги пречекаме маратонците, кои секоја година неуморно трчаат во чест на нашиот ангел Тоше”-изјавуваат организаторите на настанот. Овие постери во чест на четиринаесет годишнината од смртта на нашиот Тоше – една роза, безброј полни срца, веќе започнуваат да се објавуваат на профилите на социјалните мрежи, не само на профилите кај граѓаните од нашата земја, туку и на профилите од фановите на Тоше од целиот Балкан. Тоше засекогаш ќе останеш зачуван во нашите срца!!! Инаку утре изутрина, се навршуваат точно 14 години откако Тоше на 16.10.2007 година загина во сообрајќајната несреќа која што се случи на автопатот близу Нова Градишка во Хрватска.





Сподели го ова:

Слични објави