Утре во Битола на БИТФЕСТ -третото издание на KIDS MUSIC FEST
Секое дете, своја искрена сказна – безгрижно си плете…И ете, така е и во оваа наша музичка – детска бајка која што по трет пат ќе се случи во Битола. Станува збор за големиот детски музички хепенинх “KIDS MUSIC FESTIVAL”, на кој специјално за најмладата битолска публика ќе настапат голем број на детски музички ѕвезди од цела Македонија, кои специјално за најмладите битолчанчиња на 20.06.2026 година ќе допатуваат во убавата Битола и ќе настапат во 19 часот во детскиот парк кај шеталиштето (наспроти ракометното игралиште).
Настанот е дел од Бит фест, а креаторот на настанот најавува голема детска дружба, весели детски музички хитови, како и вистинска релаксација за присутните родители, бидејќи најголема релаксација за родителите е кога гледаат дека нивните деца се задоволни и среќни.
