Утре на прилепскиот плоштад! Голем број на музичари, акробати, театарски групи и перформери од најразлични жанрови
БАСКЕРФЕСТ КАРАВАН 2025 – ВО ПРИЛЕП!
Општина Прилеп со големо задоволство Ве поканува на уличниот фестивал „Баскерфест Караван 2025“, кој по неколкугодишна пауза повторно се враќа да ја разбуди уличната магија, културата и забавата!
Локација: Плоштад Методија Андонов-Ченто Прилеп
Датум: 28 август 2025
Време: 19:00 часот
Фестивалот ќе донесе спектакуларни настапи на уметници од Македонија и странство, музичари, акробати, театарски групи и перформери од најразлични жанрови. Очекувајте уникатни изведби исполнети со уметност и смеа.
Да го оживееме центарот на Прилеп заедно!
Да му дадеме нова енергија на градот и да уживаме во вистински спектакл на отворено! – порачуваат од Општина Прилеп.
















