| |

Утре на 14 годишнината од загинувањето на Тоше Проески, во Крушево ќе бидат реализирани бројни настани во чест на Тоше, нашиот Тоше…

Сподели го ова:




Утре на 16 октомври во Крушево во Спомен-куќата на Тоше Проески ќе се одржи изложба, а врз основа на наши извори од Крушево, во Спомен-куќата на Тоше Проески е поставена и кутија за донации, кутија која што е дел од акцијата која ќе трае до 25 јануари 2022 година-родненденот на Тоше Проески. Инаку ултрамаратонците како и секоја година го започнаа својот маратон, се со цел за да на 16 октомври точно на напладне пристигнат во Крушево на неговото вечно почивалиште на Тоше кое се наоѓа на Гумење, се со цел, за да самите тие му оддадат почит на големиот пејач, музичар, уметник и хуманитарец. Во Хрватска вчера 5 ултрамаратонци околу 17 часот го започнаа симболичното истрчување на вкупно 15 километри од Нова Градишка, а уште 10-те ултрамаратонци, маратон до Гумење-Крушево ќе го започнат денес околу 14 часот од граничниот премин Табановце, при што истите се очекува да пристигнат во Крушево-градот на Тоше утре-сабота точно на пладне и истите ќе бидат пречекани од страна на кручевчани со црвени рози.





Сподели го ова:

Слични објави