Успешен почеток на “пинг-понг Бизнис лигата”
Судејќи по денешните натпревари и успешната организација, може да се истакне дека оваа сезона ќе имаме интересни спортски натпревари во “пинг понг Бизнис лигата”, за која што може слободно да заклучиме дека ги надмина очекувањата, при што истата прераснува во вистинска спортска приказна, благодарение на ППК “Младост 96” и раководството на клубот.
Денеска имаше успешен почеток на новата сезона во “пинг-понг Бизнис лига”, која со сигурност ќе понуди голем број на интересни натпревари. На почетокот на новата сезона, денеска се одржаа неколку натпревари и тоа:
Синд.на АД Мепсо-Синд.на Тут-Ком 4-2
НЛБ Банка-Комерцијална Банка 0-4
Ламинати-Елмонт 0-4
Слободен-Витаминка
Што се однесува пак до натпреварите Мермерен комбинат-Црна река Петрол, и Аура -Комфи Ангел, битно е да се истакне дека овие два натпревари се одложени, по барање и во согласност на двете екипи.
Време е за пинг понг!
