Уште на почетокот на школската година Ковид 19 навлезе во училиштата

Сподели го ова:




Се поочигледно е дека короната не познава граници ниту пак возрасти. Ако на почетокот откако се појави овој вирус научниците не уверуваа дека таргет група на овој вирус се повозрасните, сепак се докажа дека тоа не е така. Во последно време се почест е случајот со заболени млади лица. Како резултат на тоа, со почетокот на школската година се појави и првиот Ковид случај во основното училиште  „Димитар Миладинов“ во Скопје.  Имено 9-то одделенка е позитивна на Ковид 19, а ваквата информација е потврдена и од страна на нејзиниот татко вчера утрото. Врз основа на ова, дел од учениците од нејзиното одделение кои не биле вакцинирани или пак го немале прележано овој вирус веднаш биле ставени во изолација. Имено, ова за сега е првиот официјален потврден случај во училиште во нашата земја, меѓутоа сосема е реално да се очекува и појава на нови вакви случаеви, како резултат на се поголемото заболување на младата популација од овој вирус, а колку надлежните институции се подготвени да одговорат на ваквите сценарија во училиштата, останува да видиме.





Сподели го ова:

Слични објави